Солта или (NaCl) е бела супстанца што сите ние ја познаваме од трпезата. Кога конзумираме NaCl таа веднаш се претвора во електролити растворени во крвта и другите телесни течности, формирајќи се позитивно наелектризиран натриум јон (Na +) и негативно наелектризиран јон хлорид (C1-).
(Na+ и Cl-) се електролити со најголема концентрација во нашата крв во споредба со кој било друг електролит (како што се калиум, магнезиум или калциум).
Нивото на вода и натриум во нашето тело постојано се балансира едно со друго, процес познат како осморегулација. Секогаш кога има зголемување на концентрацијата на натриум во крвта, бубрезите едноставно реапсорбираат помалку натриум, вишокот се излачува преку нашата урина, а телото одржува нормално ниво на натриум во серумот во крвта. Овој механизам помага да се спречи оштетувањето на клетките од движењето на течностите во и надвор од клетките.

instagram.com/goldtouchnutrition.mk
Василов Зоран
Fitness & Nutrition