Ново!
Протеински крем, наменет за секој што сака да ужива во добар десерт без грижа на совест!
11% лешник
21,3% протеин (whey)
Без Палмина Маст
Засладен со фруктоза
Додадени фибри – влакна (Actilight ®)
Без вештачки засладувачи, ароми и бои

Зошто користиме Actilight ® ?
Повеќе од 150 клинички испитувања ширум светот се спроведени за пребиотичкиот ефект на Actilight.
Овој пребиотички ефект се состои во предизвикување специфични промени во составот и активноста на дигестивната микрофлора во организмот, како предуслов за подобро здравје.
Actilight ® е еден од најефикасните пребиотици – доволно активен за да го стимулира растот на бифидобактерии кога се користи само 2,5 грама на ден за седум дена.
Клиничките студии јасно покажуваат дека Actilight ® ја подобрува удобноста на гастроинтестиналниот тракт.
По 6 недели од консумирањето на Actilight ®, интензитетот на болката во стомакот значително се намалува.
Кај 96% од пациентите има значително подобрување на дигестивниот комфор, а 83% потврдуваат подобра општа состојба во нивните секојдневни активности.
Actilight ® се користи и во формулите за храна за деца и доенчиња бидејки е безбеден.
Многу студии покажаа позитивен ефект врз имунолошкиот систем, зајакнување на цревниот ѕид и намалување на потенцијалните патогени бактерии во цревниот тракт.
Покрај тоа, откриено е дека Actilight промовира подобра апсорпција на изофлавоните во диетите и помага да се подобри густината на коските.

Whey протеинот е исклучително здрав начин да додадете повеќе протеини во исхраната.
Whey е квалитетен извор на протеини кој се апсорбира и ефикасно и се користи од човечкото тело.
Ова е особено важно за спортистите, бодибилдерите, оние што сакат да се хранат здраво или луѓето кои треба да добијат мускулна маса и сила истовремено да загубат маснотии.

Засладен со фруктоза.
Фруктозата не ја зголемува акутно гликозата во крвта. Како таква, фруктозата има понизок гликемиски индекс од храната базирана на скроб и се користи како извор на енергија кај пациенти со дијабетес, бидејќи може да помогне во контролата на гликемијата.
За разлика од гликозата, фруктозата во исхраната НЕ стимулира инсулин или лептин (кои се и важни регулатори на внесот на енергија и масното ткиво).
Замената на шеќерот за маса со шеќер добиен од овошје помага да се намали гликозата во крвта, особено кај луѓето кои се со прекумерна тежина или имаат дијабетес.