Стевиа е природен сладок екстракт од растението Stevia rebaudiana , билка која се користи како здрава замена за белиот шеќер или другите вештачки и нехранливи засладувачи.

Stevia расте во вид на ниска повеќегодишна грмушка која потекнува од Парагвај, Бразил и други Јужноамерикански земји , но денес комерцијално се одгледува во повеќе од 50 земји ширум светот.

Нејзините листови содржат околу 10% гликозиди , кој што се слатки компоненти со силен интензитет (150-300 пати се послатки од шеќерот).

Листовите од Stevia стотици години традиционално се употребувале од локалните жители на Парагвај и Бразил за засладување на чаевите , како лековито средство или во вид на сладок оброк кој бил 25-30 пати посладок од шеќерот кој се добива од шеќерната трска.

stevia-inline

Покрај интензивно слатките гликозиди (стевиозид , ребаудиозид и дулкозид), бројни студии покажуваат дека листот на оваа билка исто така содржи протеини , растителни влакна , карбохидрати , железо , фосфор , калциум , калај , содиум , магнезиум , цинк , рутин , витамин А , витамин С и растително масло кое содржи 53 фито-нутриционистички состојки со висока хранлива вредност.

Во последниве 20 години екстрактот од Stevia се консумира од милиони луѓе во Јапонија , Кореја , Кина , Индија , Австралија , Канада , Русија , Малезија , Тајланд , Германија , САД и многу други земји. Во моментов гледано од глобален аспект , Јапонија е најголемиот консумер на стевиозид кој е екстрахиран од листовите на Stevia (сочинува 41% од пазарот на хранливи засладувачи ) ; во Јапонија Stevia ги заменува хемиските и вештачките засладувачи кои таму се забранети од владата уште во 1970 год.

stevia-inline-2

Позитивни ефекти:

  • Оваа чудесна билка, покрај своите засладувачки и хранливи својства , повеќе од 1500 год. се користи и во медицински цели. Таа успешно е користена како алтернативен лек во третманот на дијабетес , проблеми со дигестија , гингивитис и кариес , против акни и проблеми со кожата и како помошно средство за губење на тежината.

Stevia воопшто не содржи калории , карбохидрати или масти што ја прават идеална и ПРИРОДНА СЛАТКА АЛТЕРНАТИВА за оние кои внимаваат на внесот на калории во својата исхрана или оние што сакаат да ја намалат телесната тежина .

Сите протеини и додатоци на GoldTouch Nutrition се засладени со Стевиа, истите може да ги порачате само на fitbody.mk