Real Peanut Butter vs. Nutella, што е подобро за вашето здравје ?

Време е за забавна игра на хранлива споредба! Споредба на Real Peanut Butter со популарната Нутела. За да одговориме на ова прашање треба да ги разгледаме списоците со состојки на двата производи и потоа да ги споредиме.

Во Нутела состојки како што е наведено на етикетата се : Шекер, модифицирано палмово масло, лешници, какао, обезмастено млеко, сурутка од млеко, соја лецитин: емулгатор, ванилин: артифициски вкус.
Забележете состојка со најголем процент е шекер, згора на тоа содржи голема количина на палмино масло. Маслото од палма е еден вид растително масло кое содржи заситените масти, кои се поврзани со подигање на вашиот лош холестерол ‘LDL’ и поврзано со зголемен ризик за срцеви заболувања.

Што содржи Real Peanut Butter ?
Состојки (како што е наведено на етикетата): Печени мелени кикиритки.

Забележете дека единствена состојка е печени кикиритки. Кикириките се добар извор на протеини и се здрави и содржат незаситени масти кои го намалуват нивото на лошиот холестерол.
Real Peanut Butter е храна со висока содржина на различни витамини и минерали, високи количини на растителен протеин. Ова е многу важно за децата, вегетаријанците и најмногу за активните спортисти. Особено за нив го развивме овој производ со намалена содржина на маснотии.
Една лажица путер од кикирики обезбедува 25% од дневните потреби на витамин Е. Путерот од кикирики е важен извор на есенцијални минерали како што се магнезиум, фосфор, калциум и цинк.
Изберете паметно затоа што се работи за вашето здравје и здравјето на вашите деца.