ПочетнаPre WorkoutBeta Alanine 120caps

Beta Alanine 120caps

Sale!
beta-alanine-3
beta-alanine-3

МКД1,290 МКД920

100% Бета Аланин, без пополнувачи / сврзувачки елементи.
Не есенцијална аминокиселина која може да ви помогне да ги зголемите вашите атлетски перформанси и да ја подобрите вашата чиста мускулна маса со:

Намалување на акумулацијата на млечна киселина во мускулите✔
Зголемување на издржливоста на мускулите✔
Одложување на замор на мускулите во вежби со висок интензитет✔

Паковање – 120 капсули

1 порција = 3 капсули (2,7 g)

Земете 3 капсули дневно. Предлагаме се користи пред тренинг, но можете да консумирате Бета-Аланин во кое било време од денот. Избегнувајте да консумирате премногу блиску до спиење и не земајте повеќе од 4 капсули дневно.

Забелешка: Бета аланинот може да предизвика пецкање и црвенило. Ова е нормална реакција.

Нема на залиха

Опис на производот

Бета-аланин е не есенцијална аминокиселина. Вашето тело го користи заедно со хистидин, за да формираат карнозин, со што се намалува акумулацијата на млечна киселина во мускулите за време на вежбањето. Млечна киселина ја намалува можноста на мускулите да се контрахираат и постепено предизвикува замор. Но, карнозин служи како тампон против млечна киселина, намалувајќи ја киселоста во мускулите за време на вежбање со висок интензитет, овозможувајќи им да се претстават подобро за подолги периоди.

Затоа бета-аланинот како додаток може да се користи за да се одложи замор при вежбање со висок интензитет.

ЗОШТО

Бидејќи „Beta Alanine“ на Gold Touch Nutrition ја контролира интрамускулна киселост за време на вежбање и го одложува заморот. Ова ви овозможува да кревате потешки тежини, да направите дополнителни повторувања и да ги продолжите кардио вежбите со висок интензитет. Повеќе  вежбање доведува до подобрена јачина и поголем мускулен раст.

Капсулите се лесни за пиење не содржат стабилизирачки агенси и полнила, само 100% чист Бета-Аланин. Затоа се безбеден начин да се зголеми мускулната сила и издржливост, да се зајакнат спортските перформанси и капацитетот за вежбање и да се помогне да изградите чиста мускулна маса.

Бета-аланинот е особено ефикасен за време на анаеробно вежбање, како што се тренинг со висок интензитет на интервали, спринтирање, кревање тежина и исто така при продолжено вежбање со издржливост, овозможува закрепнување во кратки периоди.