Денешното модерно време ни донесе многу нови работи меѓу кои и замените за белиот шекер.
Во продажба може да се најдат многу ( протеински барови, сладоледи, десерти, чоколади…) декларирани без додаден шеќер или со намален шекер. Малтитол е ефтин начин за да се спроведе сето ова.
Дали навистина е така !!!
Кога сите научивме за вештачките засладувачи од типот на Аспартман, Ацесуфлам К, Сахарин, производителите преминаа на друга ефтина замена Малтитол.
Што треба да научиме за засладувачите ?
Замената за рафинираниот белиот шекер бараме за да го одбегнеме високиот гликемискиот индекс.
Еве и други причини зошто да го одбегнете Малтитол :

Малтитолот не може целосно да се свари во нашите тела. Тоа значи дека тој започнува да ферментира во цревата и ова создава голем број на негативни ефекти.Таа бактериска чорба што се јавува во цревата откако ќе јадете малтитол предизвикува да се собере гас.
Дијареја, болки во стомакот, повисок шекер во крвта, зголемување на тежината се сите негативни ефекти од Малтитол. Гликемискиот индекс е дизајниран така што шеќерот во гликоза во чиста форма ќе постигне 100. Редовниот, преработен шеќер (сахароза) доаѓа на 60. Во својата форма на сируп, малтитолот постигнува како шеќер 52! Тоа значи дека голем број на негативни ефекти што се обидувавте да ги избегнете со не јадење шеќер, сепак сте ги донеле со малтитол.
На кратко што е Гликемиски Индекс (ГИ) .
Гликемискиот индекс во основа е мерка за тоа како различни јаглени хидрати, како шеќер, ќе влијаат на вашиот шеќер во крвта.